Она што за тебе е ситница, кога си љубезен, на некој може да му значи неверојатно многу. Љубезноста го зголемува ефектот на твојот труд. Дури и мала љубезност може да донесе голем резултат.
А вистинската амбициозна љубезност може да го промени светот. Љубезноста се умножува на еден речиси волшебен начин. Оние кои се исполнети со богатство, всушност се оние кои ја знаат и ја разбираат вредноста на вистинската љубезност.
Љубезноста не е тешко да се разбере и да се постигне, достапна им е на сите кои сакаат да ја практицираат. Секој ден поминуваш низ бројни можности за искажување на љубезност. Секоја од нив е исполнета со вредност, подрагоцена од злато.
Искористи ги овие можност за ширење на љубезност и знај каква посебна магија, таа ја носи. Дај зрно на љубезност, кога и да имаш прилика. Тоа е подарок кој никогаш не престанува да го прави животот подобар.
Ralph Marston
Leave a Reply