Твојата најдобра животна шанса – да љубиш

Жените често зборуваат дека мажите се плашат од јаки жени. Мислам дека јаки жени не постојат. Сите сме нежни и на сите ни е потребна љубов.

Жените кои стануваат Љубов се самосвесни, одредени, јасни во согледувањето на себе си. Тие точно знаат што сакаат и со кој. Тогаш околината ги доживува јаки, бидејќи бргу носат одлуки, имаат став, ја сакаат љубовта во себе.

Таквата жена, наречете ја јака, јасна, свесна за себе, како сакате, посакува покрај себе маж, кој има потреба да ја разбере природата на жената. Во неа да ја гледа својата сила. Не за да и’ ја ограничи слободата, да ја сопнува или да владее со неа, туку поради него самиот и да може конечно таа, да се почувствува слаба и заштитена.

Токму каква и што е, женствена и кршлива душа. Витештвото е секогаш во мода. Само самосвесен и задоволен со сопствениот живот, мажот може да ја разбере кршливата женска природа, скриена зад ‘јака жена’.

Такви не се плашат. И постојат. Ги приметувам додека ги набљудувам луѓето. Ги бројам чувствата на нивното лице. Ја набљудувам мимиката и одот. Ме забавува речникот со кои зборуваат токму тие витези, кои ја разбираат женската природа.

Тогаш малку ги истражував и примерите од личното опкружување. Парови во кои мажот е доволно мудар, кога способностите на жената не ги гледа како лична препрека, конкуренција и напад на своето его, туку како можност повеќе да расте, напредува и создава. Стануваат тим, кој работи еден за друг, а во исто време себе си се остваруваат.

Никој не се чувствува заглавен, туку се посветени еден на друг. Кога мажот ќе види како нејзината идеја е фантастична и за двајцата. Не ја руши, поради одбраната на својата суета. Ја пушта и ја подржува. И учи од неа.

Таквата жена е предадена на својот маж бидејќи ги познава своите лични слабости, не живее, бидејќи ‘се’ знам’ живот, и со неговата сила, себе си се остварува и затоа му го подарува својот восхит. Таков пар не се плаши од блискост, се разбираат со поглед.

Маж кој верува во себе, умее да ја канализира силата и знаењето на саканата жена. Покажување на уважување е моќ која ја имаат и двајцата. Добра работа, заработувачка и благосостојба е само последица на таквиот начин на размислување. Ваков паметен избор на маж, како и свесност на сопствените можности, преку женската мудрост и работа ги катапултира и двајцата. Кој знае тој има.

‘Твоја нова шанса’- Драгана Стојиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: