Ако морам да се борам за нечие внимание, тогаш не ми треба

Нашата желба за љубов, туѓо внимание, одобрување и прифаќање, се чини како да е вграденo во нашата срж. Учењето како да се засакаме себе си е привлечно, но, се чини како многу напорна задача. На пример, како можете да научите да се сакате повеќе себе, кога луѓето ве означиле како себични и немарни? Како можете да научите да се сакате себе си, кога вашата околина е токсична и депресивна? Како можете да научите да се сакате себе си, ако повеќе немате позитивни примери?

Накратко, љубовта кон себе е потполно простување, прифаќање и почитување, на сите свои убави и лоши делови. Кога се сакате- се грижите за себе, ги почитувате своите граници, ги слушате своите потреби и ги почитувате своите соништа, доволно за да делувате на начин да ги остварите. Кога се сакате себе си, вашата среќа, здравје и исполнетост се од најголема важност, бидејќи сте сфатиле дека без љубов кон себе, никогаш нема да бидете во можност, вистински да ги сакате другите.

Како да се сакаме повеќе?

На несвесно ниво, повеќето од нас ги слуша истите работи во општеството: Морате да дојдете до тоа, луѓето да ве сакаат и прифаќаат- токму како и ние. Морате да ги ставите туѓите потреби над своите, секогаш и без исклучок- токму како и ние. Морате да бидете во согласност со моменталната состојба и да се вклопите- токму како и ние. Морате да бидете несреќни и незадоволни- токму како ние.

Ова последното е чудно, зарем не? Но, вистина е дека многу луѓе всушност не сакаат да бидат среќни: наместо тоа, повеќе сакаат удобност, стабилност, сигурност и контрола. Поради таквото детско размислување, многумина се толку неодлучни да тргнат по патот на Љубовта кон себе, затоа што се коси со она во што цело време вложуваат, во својата удобност и просечност.

Некои од нас ќе се откажат. Другите и понатаму ќе се држат, но на крајот попуштаат под тежината на општествениот притисок. Но, некои од нас и понатаму продолжуваат по тој осамен пат, тешејќи се со мал број поединци на патот, борејќи се против постојаната навалица- не си доволно добар, треба да бидеш како нас, не си вреден за тоа, ти си себичен.

Да се сакаш себе, вистински и безусловно- во ова време е прекрасен успех. Многумина тврдат дека тоа го постигнале, но всушност малкумина успеале да дојдат до тоа.

Сузана Дулчиќ

Извор: atma.hr

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: