Да се глуми среќа е тешка несреќа

Позитивната сила на Љубовта, може да создаде било што добро, да ги зголемат добрите работи и да променат нешто негативно во вашиот живот. Секој ден, во секој момент бирате дали ќе чувствувате Љубов, позитивна сила- или не.

Законот за привлекување е закон на Љубовта, а тоа е закон кој владее во вашиот живот. Што и да давате во животот, ви се враќа назад. Ја давате позитивноста, ќе ја добиете назад, ако дадете негативност, ќе ја добиете негативноста назад.

Вас, животот не ви се случува, туку вие во животот добивате се’ она што сте дале. Било вашите мисли и чувства да се добри или лоши, тие ви се враќаат автоматски и прецизно како ехо. Посебните луѓе кои имаат среќен живот, размислуваат и зборуваат за она што сакаат, повеќе отколку за она што не сакаат.

Додека зборувате за било какви потешкотии со пари, односи, болести, вие, всушност не зборувате за она што сакате. Кога ќе зборувате за неубави случувања кои сте ги слушнале во вестите, за личност или ситуации кои ве лутат и фрустрираат, вие не зборувате за она што сакате.

Секој ден, се случуваат многу ситници- ако се заокупирате само со она што не го сакате, секоја од тие ситници ќе ви донесе додатни грижи и потешкотии во животот. Зборувајте за добри вести од денот. За она што го сакате. Така што во својот живот ќе привлечете она што сакате.

Имате неограничена способност да мислите и зборувате за она што сакате и затоа имате неограничена способност да привлечете се’ добро во животот. Сакајте, бидејќи кога сакате, ја користите најголемата сила во свемирот.

Извор: zakonprivlacnosti.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: