Не постои поголем ризик од оној- да не ризикуваш. Не мислам да ги подигнеш сите пари од сметка и да ги прокоцкаш, не мислам да ja спакуваш облеката и да заминеш во некоја ветена земја.
Мислам на излегување од комфорната зона, во која така добро се вгнездуваме. Да, добро е, пријатно, но станува прилично досадно, предвидливо и нема освежување. Гледаме преку оградата, не’ привлекува, но ретко кој од нас ќе има храброст да ја прескокне.
Што има позади неа? Нема да дознаеме се додека не ја прескочиме! Доста ви е од се’? Дури и премногу. И секој ден исто, секој ден се повторува макотрпната борба, фрка, фрка, стрес…
Не мора да биде така, ако вие одлучите да не биде. Вие сте господари на својата империја, вие одлучувате кога ќе го напуштите бојното поле, ќе ја оставите борбата и одите да освоите ново подрачје. Правам ли јас нешто поинаку од порано или само зборувам, дека сакам подобар живот и дека ми е од се’ доста?
Секој ден обрнете внимание на своите мисли, зборови, чувства, постапки и проверете го тоа со себе. На крајот од денот, соберете ги впечатоците и одлучете дека нема да зборувате, да мислите, нема да работите ништо што ви создава стрес и непријатност.
И дајте си време, како што им го дававте на своите деца, кога ги учевте на првите зборови, полни со љубов и милост во себе и за себе.
Да да, но јас не можам поинаку, морам вака? Зошто мислите дека морате? Оперативниот збор е МИСЛАМ! Вие бирате што ќе мислите, кажете, чувствувате..во текот на денот, никој на ништо не ве присилува. Дури и да сте во затворот, имате можност да бирате, иако повеќето сме ‘во својот затвор’.
Пробајте само еден ден, да мислите на нешто што инаку не практикувате, сменете го патот по кој одите на работа и од работа, облечете нешто омилено на себе, ставете го омилениот парфем, насмевнете им се на минувачите, направете некое добро дело (никој тоа не мора да го знае), само денес не се жалете, не кукајте, не судете, не критикувајте, не се грижете…
Нека тоа не ви премине во навика, нема да бидете свесни кога во вас се случи трансформација. И секој ден е се’ полесно и секој ден оградата изгледа се’ пониска. Само што не сте ја прескокнале.
Leave a Reply