Срцето е како мало дете. Тоа се надева на она што посакува

Еднаш кога ќе почнеш да се почитуваш себе си, не можеш повеќе да одиш по стариот пат. Тогаш отпушташ се’ она, што до тогаш те гушеше, ти пречеше и потиснуваше. Сликата во огледалото станува поубава, бистра, како да гледаш некоја друга личност.

Ти тогаш, навистина си друга личност. Таа која себе си се почитува, има свои граници и не дозволува, кон нив да се однесуваат како што ќе им текне. Таа личност повеќе не се согласува на трошки или лажни ветувања. Таа живее во стварноста, цврсто со нозете на земјата, но сепак слободна да ги испружи своите крила, во смерови кои ја прават среќна.

Еднаш кога ќе сфатиш дека не постои никој како тебе и дека си единствена, целиот свет се менува. Не светот околу тебе, туку светот во тебе.

Твојот малечок универзум станува твое уточиште, твое мирно пристаниште од каде можеш, каде што ќе посакаш. Утрата престануваат да бидат тмурни и тешки, испреплетени со постојана борба- ‘Што уште морам да направам?’

Одеднаш се’ почнува да доаѓа и да си оди со некоја леснина. Сфаќаш дека никој не можеш да промениш, контролираш или молиш. Но, тогаш тоа не ти треба, бидејќи се имаш себе и својит живот и не ти требаат во животот повеќе луѓе, кои мораш да ги молиш да те забележат.

Се примети самата себе. Осаменоста станува убав дел од денот, а не повеќе нешто, од што треба да се побегне на било кој начин. Таа станува учителка која ги вади твоите потенцијали и внатрешни состојби на површина.

Еднаш кога себе ќе почнеш да се почитуваш, не го осудуваш своето минато и се’ што помина. Со сочувство приоѓаш на тие сеќавања не обидувајќи се да ги потиснеш од себе. Тие никогаш нема да исчезнат, но можат да ти станат добар патоказ за понатамошниот живот.

Нема таква цена, колкава е твојата вредност. Таа мисла носи ја со себе во секој свој ден.

Марта Краваршчан

Извор: svijetpozitive

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: