Чекорот назад, е најдобриот начин да се тргне напред

Има една Тао приказна за еден стар човек, кој се лизнал на брегот на некоја брза река и во неа паднал. Реката го водела до некој опасен водопад. Сведоците на несреќата многу се уплашиле за неговиот живот.

Меѓутоа, се случило нешто чудесно. Старецот од реката излегол жив и неповреден од дното на водопадот. Луѓето го прашале како успеал да преживее.

‘Јас не се обидував да го прилагодам течењето на водата, туку јас се прилагодив на нејзиниот тек. Без размислување и’ дозволив да ме обликува. Препуштајќи се на вртлогот, од него и излегов. Така преживеав.

Во оваа приказна, реката е метафора за живот. Најдобро е низ животот да се поминува со минимум очекувања, допуштајќи му на животот да ги обликува моментите како што се појавуваат.

Дали тоа значи, дека не треба да имаме цели и планови? Не. Тоа значи дека треба да се обидеме да не бидеме врзани за исходот од тие планови, а наместо тоа да научиме како да се препуштиме на текот на животот.

Дај се од себе, а тогаш отпушти и допушти, работите да се одвиваат онака како што треба. Не форсирај и не биди врзан за резултатот.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: