Еден ден, ќе се појави оној, кој од очите знае да чита

Колумна на Елизабет Гилберт, авторка на бестселерот ‘Јади, моли, сакај.

Се’ почна од еден разговор во фризерница. Ме фризираше една ефикасна и тажна жена од 28 год. Само што се запознавме, веднаш преминавме на лична и важна тема. За љубовта и губењето.

Мојата фризерка штотуку излезе од врска кој траела 4 год. Зошто? Се умори, од тоа што партнерот не ја почитувал. Ми рече: ‘Хитно морам да најдам некој подобар’.

Ја зедов за рака ( ни сама тоа од себе не го очекував) и и’ реков многу самоуверено: -‘Вети ми дека ќе бидеш прво сама со себе барем 6 месеци! Вети ми, дека нема да влезеш во нова врска, без долготраен прекин.’

Таа ме погледна со неверица и рече: ‘Но, ќе ми биде досадно. Половина година сама да гледам ТВ, како стара мома? Што може да биде полошо од тоа’.

Знам многу полоши ситуации. Да речеме, кога ќе најдеш партнер исклучиво поради тоа, да не бидеш сама со себе. И од некоја причина тој ( што изненадува!) не те почитува. А ти остануваш со него, бидејќи ти е ужасно да бидеш сама.

И’ ја раскажав својата теорија: Осаменоста прави човекот во пракса биде сам со себе. Го учи, да го надмине исконскиот страв од осаменост! Таа не не’ убива, туку во нешто е убава и корисна.

Неодамна разговарав со жена која имаше 50 год, таа ми призна дека не сака да раскине со сопругот. Тој физички ја малтретирал, но таа не сака да се разведе, бидејќи ‘како тогаш да оди во ресторан или во гости сама?’ Драги мои, во некој момент мораме да научиме да одиме во ресторан или во гости сами. Во спротивно ќе носиме одлуки исклучиво од страв од осаменост. Нас ни е потребно да умееме да се трпиме себе си и да не бегаме во врски. Со текот на времето, можеме дури и да се засакаме. Можеби и ќе се почитуваме себе си, ако се запознаеме.

Долго се обидував да не бидам сама со себе. Излегував од една врска и влегував во друга- ми беше неподносливо да бидам во тишина. Не бирав со кој ќе бидам, туку пополнував празен простор во својот живот. Се сеќавате на книгата ‘Јади, моли, сакај. Додека ја пишував, имав само малку време да бидам сама со себе.

На тоа патување, се слушнав самата себе. Ја преминав границата, на која го пишуваше ветувањето:’ Јас ќе се грижам за себе, како што не се грижеше никој партнер до сега. Јас себе си ќе си ги покажам неверојатно убавите места во светот. Јас ќе си се фалам и тешам себе си. Јас ќе се хранам со убава храна и ќе си купам себе си преубави книги. Јас ќе се прашам себе си, секој ден:’ Што можам јас да направам денес за тебе, драга?’

Моите односи со себе, се испостави дека се неверојатни, иако на почеток се плашев да ги воспоставам. Неколку години подоцна, запознав партнер кој се однесуваше со мене така брижно и внимателно, со исто таков восхит и љубов, како и јас самата кон себе. Во текот на тие две години се навикнав на таков однос кон себе. Да не ги поминав тие две години во осаменост, јас досега би скокала од една непријатна врска во друга.

Требаше да си дадам себе си време, за да сфатам што е добро за мене. А кога ќе сфатив, никогаш не се согласив на помалку. Се договорив со фризерката да остане сама 6 месецо. Сигурна сум дека нема да се разочара.Ќе научи да го преживее моменталниот страв за да има зрел однос со себе. Целибатот е вреден за тоа.

Секако, меѓу нас постојат и оние кои навикнале да бидат сами со себе- и тоа го работат со години. Тие, спротивно, имаат страв да ја ризикуваат сопствената слобода. Нив не им треба мојот совет. Но, ако не можете да поднесете живот во самотија, како јас некогаш, тогаш размислете за моите зборови. Не се плашете од себе. Не се плашете да бидете сами со себе. Ќе го преживеете првото време, а потоа ќе видите и самите колку е корисна таа умешност.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: