Животот е многу едноставен. Она што даваш, тоа добиваш

Добрите работи почнуваат да се случуваат кога ќе се одалечиме од негативните луѓе. Сите ја знаеме оваа фраза, уште една во низата. И сите сме паметни кога треба другиот да го советуваме, но за себе и својот живот сме глупави. Знам дека и тоа веќе го знаете и дека не се лутате што реков ‘глупави’. Бидејќи и сме, барем повеќето од нас.

Ајде малку поинаку да гледаме на работите во својот живот и случувањата во него. Ние сме главни глумци во својот живот. Ние бираме, што ќе бидеме и кого околу себе ќе го имаме!

Животот не’ обликува, праќа некои луѓе во нашите животи, добри или помалку добри, како учители. Животот ни дава искуства на кои треба да учиме, ни отвора или затвора патишта, но на крајот секогаш е наш избор и наша одлука. Се’ што ни се случува во животот е со причина.

Ние бираме како и дали некои искуства ќе ги искористиме и да се научиме на памет. Ние одлучуваме како ќе го искористиме се’ она што ќе ни се најде на патот, она што животот ни го сервира како совесен келнер.

Се’ се тоа лекции. Можеме да ги искористиме за да станеме помудри, попаметни, подобри луѓе. Можеме да научиме да уживаме во мали животни радости, во секој нов ден и нова насмевка. Да научиме дека се’ што е лошо за нас, треба го тргнеме од нашиот живот. Се’ што е негативно и што ни носи немир, можеме да го тргнеме од својот живот.

Пред се’ од лошите луѓе. Ние никогаш не губиме. Секоја загуба можеме да ја доживееме како благослов. Она, кога мислите дека некој ви е пријател, а тој ќе ве предаде? А, вие тагувате, разочарани сте…

Алооо, не тагувајте, да ви беше пријател, немаше да ве предаде, многу е просто. Тоа е добро за вас, можеби таа личност токму на време се покажа каква е, за да не ви зададе уште поголема неправда, болка и зло. Видовте со време дека не ви беше пријател.

Се’ што ни се случува е за наше добро, нешто да научиме, откриеме, сфатиме. До нас е како тие искуства ќе ги искористиме. Животот ни дава она што ни е потребно да напредуваме и нешто да научиме, а ние бираме како и што ќе станеме и како сето тоа ќе го искористиме.

Зоја

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: