Во минатиот век, еден американски турист го посетил познатиот полски рабин Chofetza Chaima. Бил изненаден кога видел, дека домот на рабинот, се состоел само од една едноставна соба, исполнета со книги, во која се наоѓало уште еден стол и клупа.
‘Рабине’ -прашал туристот – ‘Каде е твојот мебел?’
– ‘А каде е твојот?’- одговори рабинот.
– ‘Мојот?’- праша збунетиот американец.- ‘Но, јас сум само на поминување’.
– ‘И јас сум’- одговори рабинот- ‘И јас сум’.
Ние набљудуваме со очите, слушаме со ушите, вкусуваме со јазикот, допираме со кожа, мислиме со умот. Поради поистуветувањето со телото. Со телото, пак, имаме искуство на светот, кое зависи од ограничувањата на телото.
Секое живо суштество е врста на свесност, која има, на одреден начин стеснето искуство во безграничната свест. Нашето искуство се складира во умот, а интелегенцијата расудува и го интерпретира складираното.
Според законот на кармата, по смртта на ова физичко тело, се преселуваме во ново тело, исто така привремено. И така од живот во живот. Ние како личност ги надминуваме сите ограничености. Трансцедентални сме по природа, вечни, безгранични, полни со знаење и среќа. Изворно сме создадени од чиста љубов.
‘Сите сме ние посетители во ова време, на овој простор. Ние сме само на поминување.Нашата смисла е да набљудуваме, учиме, да растеме, да сакаме…И потоа се враќаме дома- поговорка на Абориџините
Извор: atma
Leave a Reply