Ако го отвориш срцето- ќе ти дојде љубов, ако го отпуштиш минатото- болката ќе исчезне. Ако го надминеш стравот- животот ќе ти направи подарок.
Ако се засакаш себе си- ќе ги засакаш сите. Ако кажеш благодарам од срце- во тебе радост ќе биде. Ако го прифатиш светот со душата своја- светот ќе те прифати тебе.
Ако не се брзаш во своите работи- веќе си успеал. Ако си подготвен да најдеш Ѕвезда- веќе си ја нашол. Ако си се запознал себе- си го запознал цел Универзум, ако си се прифатил себе си- си го прифатил Животот во целина.
Ако имаш доверба во Животот- во помудри, сакани раце си. Ако знаеш дека животот те води- веќе си победник. Ако се почитуваш себе- веќе си совршен, ако веруваш во себе- Животот е за тебе.
Клучот е во тебе. Животот е во тебе. И ти носиш одговорност за својот Живот, пред самиот себе. Ти си причина и последица.
Изборот е секогаш Твој.
Leave a Reply