Нема љубов без слобода, ниту слобода без љубов

Нема љубов без слобода, ниту слобода без љубов. Затоа љубовта е давање, а не барање. Оној што бара нешто од другиот, ја губи слободата. И љубовта. Нема љубов без слобода, ниту слобода без љубов.

Затоа, љубовта е давање, а не барање… Тоа е мислата-водилка. Кога еднаш ќе ни стана јасна – во сила, целиот живот ќе ни го промени. Светлина. Вистинската слобода и вистинската љубов немаат почеток и крај. А даруваната вистинска слобода и даруваната вистинска љубов, кои се слободно и љубовно прифатени, можат да имаат почеток, но никогаш нема да имаат крај – стануваат беспочетен бескрај.

Љубовта е секогаш слободна, а слободата е секогаш љубовна. Одземете ѝ ја слободата на љубовта и одземете ѝ ја љубовноста на слободата, и од нив нема да остане ништо.

Затоа, деца, љубете и не барајте да ви возвратат со љубов. Бидете слободни и љубовни. Барањето да ви возвратат со љубов веќе ја ограничува вашата љубов, и таа паѓа. Барањето да ви возвратат со љубов не е љубов, и вие не сте слободни, туку сте робови на своето самољубие. Љубовта која не бара е слободна љубов, таа е неограничена и не зависи од ништо.

Љубовта која не бара е вечна, таа нема крај, таа никогаш не завршува. Тоа е божествена љубов. Слободната љубов на крајот и ќе победи, затоа што ќе му остави доволно простор и време на љубениот слободно да ѝ одговори со љубов.

Митрополит Наум

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: