Во овој свет постојат толку многу начини на кои можеме да го поминеме своето време. Она што всушност ја одредува судбината на секоја душа е избор, на кој начин одлучуваме да го искористиме секој драгоцен момент кој го имаме.
Според Bhagavad- giti и некои други ведски писанија, судбината е неизбежна, но ние сме тие кои ја создаваме. Законот на природата вели, дека за секоја акција постои соодветна реакција.
Постои изреката: ‘Што оди нагоре, мора да падне долу’. Тоа е закон, тоа не е работа на наше размислување, не зависи од нашата умешност, ниту колку книги сме напишале за да го кажеме своето мислење, туку е закон на природата.
За секоја акција, постои и подеднакво соодветна реакција. Тој закон е посуптилен, од сличниот на него, кој важи во сферата на физиката, бидејќи се одвива на платформата на суптилната материјална природа. Моќта на нашите мисли, моќта на нашите чувства, влијае на светот.
Што тогаш да се каже за моќта на нашиот говор и на нашето делување. Човечкиот живот се разликува од оние на пониските видови, бидејќи човекот има моќ да го одреди смерот на својот живот. Другите едноставно делуваат врз основа на потребите на одреденото тело во кое живеат.
Човекот може да прави сешто. Може да биде морален или неморален, чесен, нечесен, понизен, егоистичен..Ние ја имаме таа моќ, а со моќта доаѓа и одговорноста. Низ историјата можеме да видиме дека луѓето кои имаат голема моќ, можат да донесат многу добро за светот или да бидат одговорни за страшни деструкции.
Разлика помеѓу возрасен родител и мало дете е во моќта на интелигенцијата, моќта на дискриминација. Затоа, ако имате дете, имате голема одговорност да го заштитите, да се грижите за него и да го водите. На сличен начин, ние имаме голема моќ, над слободната волја во ова човечко тело и со неа доаѓа и голема одговорност.
Затоа постои реакција за секој наш избор. Збир од тие дела и зборови со кои одлучуваме да ги направиме и да го искажеме, е она што ја одредува нашата судбина. Ситуацијата во која моментално се наоѓаме, е производ од избори кои ги направивме во минатото, а начинот на кој одбираме да делуваме во тие ситуации, е она што ја одредува нашата иднина. Не само во овој живот, туку и во животите по овој. Се’ е во нашего делување, во секој момент, зависно од изборите кои ќе ги направиме.
Radhanath Swami
Leave a Reply