Имам премногу години за било што лажно

Сакам луѓе кои не покажуваат лажна величина, луѓето кои се онакви какви што се. Не мораш многу да мислиш што ќе им кажеш, на кој начин ќе им кажеш, каков пред нив ќе испаднеш. Тие те разбираат што и да кажеш и било како да им кажеш, се’ кај нив е многу едноставно.

Таквите луѓе имаат слух за твоите проблеми, грижи, сомнежи и стравови. Таквите луѓе ќе те слушаат без да размислуваат за себе и за она што сакаат да ти кажат. Да се биде во нивна близина е драгоцено.

Сакам луѓе кои не покажуваат друго лице од она кое го имаат, таквите луѓе, на овој свет, им треба повеќе од било што, свет кој е полн со играрии и улоги во кои секој се обидува да им се допадне на другите, да се биде подобар од другите и не бира начини на кој тоа ќе го направи, не бира зборови, со кои тоа ќе го оствари.

Сакам луѓе кои ќе ти речат она што мислат, бидејќи и тогаш кога нема да имаат што да кажат, повторно во нивната близина ќе се чувствуваш пријатно. Сакам луѓе кои имаат насмевка на лицето и тогаш кога во себе водат многу битки, луѓе кои ќе подадат рака и тогаш кога се сами во себе паднати, луѓе кои не сметаат кога ќе ти помогнат, бидејќи позади тоа не лежи никаков друг интерес.

Сакам луѓе кои не се плашат да пуштат солза и заплачат тогаш кога животот ќе ги фрли на под, кога ќе ги уништи неговата тежина, бидејќи знаат дека тоа е прв чекор, после кој ќе станат и уште по енергично ќе тргнат кон својата цел.

Сакам луѓе кои знаат колку е образот света работа, која не се купува, ниту продава за некој материјален интерес или нешто слично. Со такви луѓе можам со денови да стојам и без прозборен збор да уживам во нивното друштво и да направам со нив без нешто да речат.

Таквите луѓе нема да те критизираат, кога нешто лошо ќе направиш, тие со свој пример ќе ти посочат на проблемот. Такви луѓе ни требаат, да го поправат просекот во општеството, само со такви луѓе можеме напред.

Марио Жувела

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: