Не постојам за да му се допаднам на некој, туку да го живеам својот живот

Ги сметав моите години и открив, дека ми остана уште малку време да живеам од она што го проживеав до сега. Се чувствувам како дете кое ја доби својата кутија со бонбони. Првите ги изеде со сласт, но кога виде дека останаа уште малку, почна да ги јаде со посебно внимание и со уживање во секој залак.

Немам повеќе време за бесконечни состаноци во кои се зборува за статуи, правила, процедури и внатрешни одредби, знаејќи дека ништо од тоа нема да биде постигнато. Немам повеќе време да ги поднесувам апсурдните личности, и покрај тоа што сум повозрасен, бидејќи не ми се дораснати.

Моето време е прекратко за да расправам за наслови. Сакам содржина, супстанца, на мојата душа и’ се брза. Не останаа многу бонбони во кутијата. Сакам да го поминам животот со луѓето кои ги краси човечност, вистинска човечност. Кои ќе знаат да се смеат на сопствените грешки.

Не сакам да им се воодушевувам на сопствените победи. Никој не може да се смета за избран за победник пред време. Не треба да се бега од сопствената одговорност. Таа ја штити човечката чест.И сакам да чекорам само на страната на вистината и чесноста.

Важно е само она што го прави нашиот живот корисен за друг. Сакам да бидам опкружен со луѓе кои знаат како да го допрат срцето на другиот.. Луѓето кои имаа силни удари во животот а сепак научија да пораснат со нежни допири на душата.

Да…ми се брза…

Ми се брза да живеам со оној интензитет кој само зрелоста може да ја даде. Не сакам залудно да ја потрошам ниту една бонбона која ми преостана..сигурен сум дека се послатки од оние кои веќе ги изедов.

Мојата цел е да дојдам до крај задоволен и во мир со своите блиски и мојата совест. Имаме два животи и оној другиот почнува во моментот кога ќе сфатиш дека животот е само еден

Извор: citaj knjigu

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: