Не брзајте никаде. Ништо нема да се случи пред да му дојде времето

Замислете дека сте во огромен трговски центар, каде што постојат стотина кино сали. Гледате околу себе, за да видите што се прикажува и приметувате филм со своето име во него. Неверојатно!

Влегувате во киното и внатре нема никој освен една личност. Многу тивко, обидувајќи се да не ја вознемирите, седнувате покрај неа, која дури и не ве приметува, бидејќе сето свое внимание и’ е насочено кон филмот. Погледнувате кон платното и какво изненадување! Го препознавате секој лик во тој филм- својата мајка, својот татко, браќа и сестри, својот сакан човек, децата, пријателите…И потоа го гледате и главниот јунак на филмот- вие!

Вие сте ѕвезда на филмот и тоа е приказна за вас. А таа личност покрај вас, сте исто вие, се гледате себе си, како глумите во филмот. Секако, главниот јунак е токму таков каков што вие верувате дека сте, а така е и со сите споредни ликови, бидејќи вие ја знаете приказната за себе. По некое време, се чувствувате, дека ви е помалку доста од се’ она што гледате и одлучувате да одите во друга кино сала.

Во ова кино е само една личност која гледа филм и не приметува кога седнувате покрај неа. Почнувате да гледате филм и ги препознавате сите ликови, но, вашата улога овој пат е споредна. Ова е приказна за животот на вашата мајка и таа е таа, која го гледа филмот, фокусирана, со сето свое внимание.

Тогаш сфаќате, дека мајката не е истата личност, која беше во вашиот филм. Начинот на кој таа се прикажува себе си е потполно поинаков. Станува збор за сликата, која вашата мајка сака, сите да ја видат. Вие знаете дека тоа не е вистина. Таа едноставно глуми. Но, тогаш сфаќате дека тоа е начин на кој таа себе се доживува и тоа е, шок за вас. Потоа приметувате дека ликот кој го има вашето лице не е истата личност која беше во вашиот филм. Си велите: ‘Ах, тоа не сум јас’, но сега можете да согледате како ве гледа вашата мајка, што мисли за вас, а тоа е далеку од она што вие мислите за себе.

Го забележувате ликот на својот татко и со кои очи го гледа вашата мајка, а тоа многу се разликува од она, како вие го гледате. Потполно е извртено, како и нејзиното доживување на сите други ликови. Го гледате начинот на кој, вашата мајка ве гледа вас и дури по малку ќе се налутите на неа.’ Како се осмелува!’

Во следното кино, се прикажува филмот за вашите сакани. Сега можете да забележите дека начинот на кој вашите сакани ве доживуваат, е потполно поинаков од оној кој беше во вашиот филм или оној кој беше во филмот на вашата мајка. Го сфаќате начинот на кој ве гледаат вашите деца, семејството, вашите пријатели. Можете да пратите како личноста која ја сакате, сака да се прикаже себе, а тоа се разликува од она, како вие ја гледате.

Тогаш одлучувате да одите, да ги видите филмови на вашите пријатели, вашите браќа и сестри и откривате како сите во своите филмови ги ‘искривуваат’ ликовите.

Откако ги одгледавте сите филмови, се враќате во првата сала и повторно го гледате сопствениот филм. Се набљудувате себе си како глумите, но повеќе не верувате во ништо, не сте повеќе сигурни во сопствената приказна бидејќи сфативте дека тоа е само приказна.

Сега знаете дека тоа што сте глумеле цел живот, навистина било беспотребно, бидејќи никој не гледа онака како што сакате. Јасно гледате дека цела драма која се одвива во вашиот филм, всушност никој околу вас не ја забележува.

Очигледно, вниманието на сите, им е насочено на своите филмови. Луѓето дури и не приметуваат, ни кога седите покрај нив во нивното кино! Глумците своето внимание го насочиле на својата приказна, а тоа е единствена стварност во која тие живеат.

Нивното внимание е толку насочено кон нив, што дури не обрнуваат внимание ни на сопственото присуство- присуството на оној кој го гледа нивниот филм.

Во тој момент за вас се’ се менува. Ништо повеќе не е исто, бидејќи сега разбирате што навистина се случува. Луѓето живеат во својот свет, во сопствен филм, во своја приказна. Тие ја вложуваат цела своја верба во таа приказна и таа за нив е вистинита, но тоа е релативна вистина, бидејќи не е вистина за вас.

Сега можете да видите дека сите нивни мислења за вас, се однесуваат на ликот кој живее во нивниот филм, а не во вашиот. Му судат, наместо вас, на ликот кој тие го создаваат. Што и да мислат луѓето за вас, навистина се однесува само на слики кои тие ги имаат, а таа слика не сте вие.

Во овој момент јасно е дека луѓето кои најповеќе ги сакате всушност не ве познаваат, а и вие нив не ги знаете. Единствена работа која ја знаете за нив, е она во што верувате во врска со нив. Се запознавте само со сликата која сте ја создале, а таа нема никаква врска со стварните луѓе.

Мислите дека добро ги познавате своите родители, брачниот партнер, своите деца и пријатели. Вистината е дека немате појма што се случува во нивниот свет- што тие мислат, за што сонуваат. Тогаш доаѓате до заклучок дека ни себе си не се познавате, бидејќи толку долго сте глумеле, што сте станале мајстор во претворање, дека сте она што не сте.

Со свест за ова за кое правите увид, бесмислено е да кажете: ‘Мојата сакан- а личност не ме разбира’. Никој не ме разбира. Секако дека не ве разбираат. Дури ни вие не се разбирате себе. Вашата личност постојано се менува, од еден момент до друг, во согласност со улогата која ја играте, во однос со другите ликови во вашата приказна, во согласност со начинот на кој сонувате во тоа време. Дома, вие имате некоја одредена личност. На работа, вашата личност е потполно поинаква. Со вашите пријатели се однесувате на еден начин, а со пријателките на друг.

Но, цел живот унапред сте носеле заклучоци дека другите луѓе ве познаваат многу добро и кога тие нема да направат она што очекувате, вие тоа го сфаќате лично, реагирате бесно и ги користите зборовите за да создадете многу судири и драми за ништо.

Сега е лесно да се разбере зошто постојат толку судири меѓу луѓето. Светот е населен со милијарди сонувачи кои не се свесни, дека луѓето живеат во својот свет, го сонуваат својот сон. Од перспектива на главниот лик, која е и единствена точка на гледиште, се’ се врти околу него. Кога споредните ликови ќе кажат нешто што не одговара на неговиот агол на набљудување, тој се лути и се обидува да ја одбрани својата положба.

Сака споредните ликови да бидат онакви какви тој сака да бидат, а ако не се такви, тој се чувствува увредено. Тој се’ доживува лично. Со свест за ова можете да дојдете до решение, а тоа е многу едноставно и логично: не сфаќајте ништо лично. Еднаш кога ќе увидите дека ништо што тие ќе кажат или направат не е поради вас, не е важно кој за вас шири гласини, кој за нешто ве обвинува, кој ве отфрла или не се согласува со вашиот став.

Ниту еден трач не влијае на вас. Дури не се обидувате да го браните своето гледиште. Едноставно пуштате кучињата да лаат, а тие сигурно ќе лаат и лаат. Па што? Што и да кажат луѓето, тоа не влијае на вас бидејќи сте отпорни на нивните сфаќања и емоционалниот отров.

Отпорни сте на грабливци, на оние кои користат трач да ги повредат другите луѓе, на оние кои сакаат да ги искористат другите за да се повредат себе си. Не сфаќајте ништо лично- порака е која преставува одлично помагало за интеракција со припадници на вашата врста, помеѓу луѓето.

И тоа е карта која ве води право во лична слобода бидејќи повеќе не морате да управувате со својот живот, според мислењето на другите луѓе. Тоа вистински ве ослободува! Можете да правите што ќе посакате, знаејќи дека што и да направите нема никаква врска со никој освен со вас.

Вие сте единствена личност која треба да се грижи за приказната за вас самите. Свеста за тоа менува се’. Не сфаќајте ништо лично.

Don Miguel Ruiz

Извадок од книгата ‘Пет спогодби со самиот себе’

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: