Постои моќна вежба, многу едноставна, која почнав да ја користам пред многу многу години. Без оглед кој ќе го сретнам на патот, човек или инсект, првата мисла која ја упатувам е: ‘Ти посакувам среќа’.
Оваа идеја во потполност го менува тоа што се случува помеѓу вас и таа личност. Го зборувам тоа од лично искуство. Понекогаш е така тешко кога ќе го сретнете непријателот или кога ќе се најдете лице во лице со неочекувано тешка ситуација. И ова е многу корисна мисла која ве учи да не дозволите да ве совладаат негативни емоции.
Имате прилика да создадете простор околу себе. Кога гледаш како се појавуваат негативни емоции и пред да ја превземат контрола над тебе, имаш време да ги свртиш.
Променете го тоа, отпуштете, претворете во љубов! Ти посакувам среќа! Пробајте и ќе видите, како се’ во вашиот живот ќе се смени.
Ричард Гир
Leave a Reply