Јас знам дека со добрина не се стигнува далеку, но јас подобро се чувствувам

Вашиот збор е дар кој потекнува директно од Бог. Со помош на зборовите вие ја изразувате својата креативна сила. Се’ искажувате со зборови. За што сонувате, што чувствувате и какви сте вие всушност, сето тоа се манифестира со зборови.

Зборот е сила, тоа е ваша способност на изразување и комуникација, мислење, а со тоа и создавање на случувања во вашиот живот. Вие имате моќ на говор. Кое друго животно на оваа планета има моќ на говор? Зборот е најмоќното оружје кое како човечко суштество го поседувате; тоа е волшебно орудие.

Но како и мачот со две оштрици, вашиот збор може да создаде најубав сон или да уништи се’ околу вас. Една оштрица преставува злоупотреба на зборови, која околу себе создава пекол. Другата оштрица е беспрекорна употреба на зборови, со чија помош можеме да создадеме само убавина, љубов и рај на земјата.

Зависно од тоа што употребувате, зборот може да ве ослободи или да ве фрли во најстрашно ропство. Зборот е толку моќен, што еден збор може да го украде живот или да уништи милиони луѓе. Беспрекорно да се користи зборот, значи да не се користи збор против себе. Ако ве сретнам на улица и ви речам дека сте глупи, тоа изгледа како да го користам тој збор против вас.

Но, всушност својот збор го користам против себе, бидејќи вие ќе ме мразите, а тоа што ќе ме мразите не е добро за мене. Значи, ако се налутам и со свој збор ви го испратам цел тој емоционален отров, јас го користам зборот против себе. Ако се сакам себе, јас таа љубов ќе ја изразам во комуникација со вас и тоа значи дека беспрекорно го користам зборот, бидејќи тој чин ќе произведе слични реакции.

Ако јас ве сакам вас, тогаш и вие ме сакате мене. Ако јас ве навредам и вие ќе ме навредите мене. Ако сум ви благодарен и вие ќе ми бидете благодарни мене. Ако сум себичен кон вас и вие ќе бидете себични кон мене.

Беспрекорно користете го својот збор. Тоа е првиот договор кој треба да го направите ако сакате да бидете слободни, ако сакате да бидете среќни. Тој е многу моќен. Користете збор на вистински начин. Користете збор за да ја пренесете своја љубов. Беспрекорна употреба на зборови води кон личната слобода и изобилство, таа може да го тргне секој страв и да го преобрази во радост и љубов.

Don Miguel Ruiz

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: