Живеам со прашина на срцето

Живеам со прашина на срцето. Поинаку тешко можам да објаснам. Сум имал жени и пред тебе, неколку, а ни една после тебе. Свесно не се обврзав на целибат, едноставно не сум заинтересиран. Со магловитите утра или некое попладне, кога сонцето на северозапад се одбива од морето, се обидувам да предвидам каде си ти всушност во својот живот и што работиш додека мислам на тебе.

Ништо комплицирано- одиш во својата градина, седиш на својата лулашка, на предната тераса, стоиш покрај шпоретот и на тоа слично. Се сеќавам на се’. На твојот мирис со вкус на лето. Допирот на твоето тело на моето, твоето шепотење додека те љубев.

Robert Penn Warren еднаш употреби една фраза: Светот кој изгледа како сам Бог да го напуштил! Не е лошо, многу блиску до она кое понекогаш го чувствувам, но секогаш не можам таков живот да поднесам. Не сакам да се жалам. Не сум таков.

И во главно не се чувствувам така. Благодарен сум што воопшто те најдов. Можевме да поминеме еден покрај друг како две зрнца од свемирска прашина… Бог, свемирот или како веќе сакаш наречи ги тие големите системи на хармонија и ред, не признаваат земско време. За свемирот 4 дена не се разликуваат од 4 милијарди светлосни години. Тоа сакам постојано да го имам на ум.

Сепак сум само човек, а секоја филизофска рационализација која може да се смисли не ме спречува да те посакувам секој ден, секој момент, како што не можам да го спречам немилосрдниот крик на времето, времето кое не можам да го поминам со тебе. Во својата глава, те сакам длабоко и бескрајно И секогаш ќе те сакам….

‘Мостови на реката Медисон’- Robert Jams Waller

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: