Ниту еден ѕид не е толку висок, за да ги застане вашите соништа

….Тоа што ви ги раскажав овие детали за астероидот и што ви го доверив дури и неговиот број, е само заради возрасните.

Тие сакаат бројки. Кога им зборувате за некој нов пријател, никогаш нема да ве прашаат за она што е важно. Тие никогаш нема да ви речат: „Каков е звукот на неговиот глас? Кои се игрите што ги сака најмногу? Дали собира пеперутки?“

Тие ќе ве прашаат „Колку години има? Колкумина браќа има? Колку е тежок? Колку заработува татко му?“ И само тогаш мислат дека го познаваат.

Ако им речете на возрасните: „Видов една убава куќа со розови тули, со гераниуми на прозорците и со гулапчиња на покривот…“, тие нема да успеат да ја замислат таквата куќа.

Треба да им се рече: „Видов една куќа од сто илјади франка“. Е тогаш тие ќе извикаат: „Колку убава куќа!“

(од „Малиот принц“)

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: