Сакај ме, но не ги запирај моите крила ако посакам да летам

Кога ќе видиш дека луѓето те лажат, сакаат да те понижат- Не се спротиставувај. Пушти ги да направат тоа што наумиле. Пушти ги да го покажат своето вистинско лице, за да видиш подобро кој до каде може да оди.

Нема долго да чекаш, кога ќе сфатат, дека тебе тоа не те допира, кога ќе видат дека ништо не ти можат, кога ќе им стане јасно дека најмногу си наштетиле Себе си.

Кога ќе сретнеш такви луѓе, верувај дека не знаат подобро.Тие всушност не знаат подобро ни за себе. Кога ќе завршат со тоа што наумиле, биди спокоен, само покажуваат каков не си ти и никогаш нема да бидеш.

Ако си го задржал достоинството, трпението, крената глава, само продолжи напред и биди среќен што не си паднал и што не те скршиле. Кога ќе видиш дека луѓето те лажат, понижуваат, не се сомневај во себе, мислејќи дека си помалку вреден и важен.

Тие само “ многу гласно” зборуваат за себе, никако за тебе. Остани исправен, биди храбар да се чувствуваш поинаку. Пушти ги луѓето да играат по свои правила, по нив или ќе се спасат или уништат.

Не е до правилата туку до луѓето. Живеј го животот, гледајќи во светлото а не во темницата. Шири љубов а не отровот на негативноста.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: