Се случува некој, во миг смисла на животот да ти даде. Подаваш рака да те води не размислувајќи каде ке завршиш.
Понесен од чувство на љубов -веруваш.
Не оти си глуп, туку срце оти имаш. Не си пукнал, за кревет да исполниш, туку срцето да ти е полно.
И така се случува на половина пат да те остави со скршени крила и исчупани мечти.
Убиените соништа се претвараат во сеништа. Наместо срце останала прашина. Милиони каења те излудуваат. Се осудуваш себе си, кога треба другиот.
Исцицаниот ти живот паралелно се одигрува со твоето непостоење, а ти лебдиш во тој меѓупростор скршена и заглавена. Те остави, а ти на тоа место си ископа гроб. Го фрли внатре своето млитаво витко тело, пушти внатре да ти почиваат искрите од очињата бистри.
А ти ги залеваш само со солза од омраза. Така никогаш нема да се родат пак. Налеј им само мала капка надеж. Верувај во чуда.Чудата обично почесто се случуваат од срањата, за оние кои се надеваат.
И појди …Мрдни од тие гробје, се’ она твое што било убаво, попат ќе се раѓа повторно. И секоја рана ќе ја залечи, како никогаш ништо и да не било .
Затоа што време е …
Рената Миленкович
Leave a Reply