Прво засакај ги нејзините мани, па кажи и’ дека ја сакаш

Немој тоа ‘Те сакам’ да биде лесно изговорено и вовлечено како фраза во секој разговор. Немаш право да му ги кажеш на некој тие два збора, а да не си загрижен додека не се врати дома однекаде.

Не можеш да ги искористиш тие зборови, ако не те болат нејзините грижи. Не можеш да го кажеш тоа, ако не си поминал некоја немирна ноќ, мислејќи на неа и замислувајќи ја вашата повторна средба.

Не си достоен да ги изговориш тие два збора, ако не чувствуваш кога треба само да молчиш или на нејзината грубост да одговориш со нежност.

Немој никогаш да кажеш ‘те сакам’, додека со неа не ги поделиш солзите и страдањата. Не го обезвреднувај постоењето на тие зборови, туку прво почувствувај што значи да се сака и на некој да му се предадеш целосно, да ги поделиш со некој навиките, потребите, самотијата, мирисот, исчекување.

Прво засакај ги нејзините мани, па кажи и дека ја сакаш. Љуби ги нејзините уморни нозе и гали ги нејзините образи.Ја сакаш кога денот ќе ти помине во размислување за неа, кога ќе заспиеш и ќе се разбудиш со иста мисла, без оглед каков ти бил денот, каква била ноќта и колку голем терет влечеш со себе.

Ја сакаш кога нема момент кој не е обоен со неа. Ако е така, кажи и, покажи, направи, укради го моментот и разубави и’ го денот. Таа тоа го заслужува.

Милан Гајиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: