Ќе дојде денот кога ќе почувствуваш дека во се’ што те опкружува постои дел од тебе. Ќе сфатиш дека го наоѓаш сопствениот одраз во искуствата кои те обликуваат, како и во луѓето со кои се поистоветуваш.
Твоите предизвици ќе станат твоја секојдневна храна. Ќе се отвораш таму каде што другите се затворени, ќе нуркаш таму каде што другите со главата се над водата. Наместо да размислиш пред да делуваш, ти како светлина ќе патуваш по светот, покажувајќи им на луѓето дека срцето често е покорисно од мозокот.
Ќе доживееш чуда во моментите на осаменост, а кога ќе бидеш меѓу луѓето ќе ги одврзеш и најзаплетканите јазли меѓу нив. Ќе дојде денот кога ќе почувствуваш дека си дел од нешто што е поголемо од тебе, и дека оној ден, кога своето срце и своите дланки ќе ги свртиш кон горе, ќе го поплочиш својот сопствен пат, кој еднаш одамна Небото ти го намени.
Leave a Reply