Кој сум јас? – го прашува еден човек старецот. -“Ти си она што мислиш”- одговори старецот- ” -“Ке ти раскажам една приказна”.
Еден ден, покрај градските зидини, приквечерина, се гледале две сенки од луге како се бакнуваат.
-“Тоа се тато и мама”- мисли невино дете
“Тоа се љубовници”- мисли човек со расипана фантазија.
“Тоа е мојот сопруг” – мисли љубоморна жена.
“Тоа се двајца пријатели кои не се виделе многу години”- мисли човек кој живее сам.
“Тоа се двајца трговци кои направиле добра работа”- мисли човек алчен за пари
“Тоа е таткото кој го гушка својот син кој се вратил од војна”- мисли жена со нежна душа.
“Тоа е ќерка која го гушка својот татко кој се вратил од пат”- мисли човек ожалостен поради смрта на својата керка.
“Тоа се заљубени” – мисли девојка која сонува за љубов.
Тоа се двајца кои се борат на смрт- мисли убиецот. “Кој знае зошто се гушкаат”- мисли ограничен човек
“Колку е убаво да се видат двајца како се гушкаат”- мисли племенит човек
“Секој мисли”- вели старецот- ” во зависност- кој е ТОЈ. Задлабочи се во своите мисли: тие најмногу можат да ти кажат за тоа кој си ти.
Leave a Reply