Кога заминува некој драг, не боли смртта, туку боли се’ она што доаѓа потоа…

Кога заминува некој драг, не боли смртта, туку боли се’ она што доаѓа потоа. Боли празнината, која никогаш нема да биде пополнета…Боли неможноста уште нешто да се направи за него. Болат зборовите, кои не ги кажавме, а можевме. Болат солзите. Болат спомените. Болат молчењата. Боли тоа, што знаеме дека никогаш повеќе нема да бидеме заедно, што нема да го видиме и што нема да ни се јави.

Боли тоа, што секаде ќе ни недостига и што секогаш ќе биде тој некој кој ќе ни недостига…Кога ни заминува некој драг, не боли само неговата смрт, туку и животот кој можеше уште да трае, а се угаси…

Болат победите подеднакво како и поразите, успесите подеднакво како и неуспесите и се’, одеднаш, на момент, се израмнува, станува бесмислено, празно..Кога заминува некој драг, си оди и музиката која ја слушал, соништата кои ги сонувал, си одат неговите дилеми, неговите тајни, неговите стравови. И сите болки..

Боли кога се прашуваме, дали е се’ залудно? Дали некаде сме згрешиле? Или дали можеше поинаку? А, добро знаеме дека не е…

Боли кога ќе се сетиме дека го нема. Болат фотографиите. Болат местата на кои поминуваме. Болат зборовите кои сме ги кажале. Болат зборовите кои не сме ги кажале, а мораше…Болат неговите пријатели. Болат неговите љубови. Боли се’ што потсетува на него, секое делче на овој свет…

Кога заминува некој драг, не боли само болката, боли се’ друго. Боли што засекогаш исчезнува и што никаде ќе го нема. Боли сознанието дека никогаш повеќе нема да може да се радува, да се смее, мечтае, трча, плаче, сака.

Боли се’ она што можел да направи, а не го направил. Кога некој драг заминува, се’ одеднаш застанува, потсетува на минливост, на годините кои поминаа и кои ќе дојдат.

Правиме исчекор од сегашноста и стануваме дел од бескрајната вонвременска патека, која води само во еден смер…Кога заминува некој драг, си одиме и ние заедно со него. Еден дел од нас, можеби најубав. Си оди она нешто, што сме имале со таа личност и ни со една друга. Си оди и еден дел од нашиот живот, кои сме го проживеале и кој токму со неговото заминување завршува и го претвора во сеќавање.

И на крај..кога си оди некој драг, не боли смртта, туку боли се’ она што доаѓа потоа. А потоа, за жал, не иди ништо. И токму тоа ништо најмногу боли..

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: