Колку повеќе се гушкам себе си, се помалку ми треба ‘Јас можам’

Сега сум во точка од животот кога можам многу работи и токму затоа што со ‘можам’ се среќавам секој ден, се’ помалку ми треба. Всушност, ми теба токму колку што на мојата душа и’ треба.

Кројам некој свој свет исткаен од книга, море, тишина, природа, патување, луѓе кои ги сакам. Чувствувам дека очекувањата на егото, публиката и љубопитноста на светот околу себе пристојно ја задоволив и време е на животот, да му се предадам на начин кој во потполност го задоволува моето срце и моето битие на крајот на краиштата.

Очите со кои денес го гледам светот се реални и без розеви наочари, но и понатаму очи кои со погледот бираат да видат добро.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: