Ништо не значи кога си одиш, а во себе ја носиш причината на своето заминување

Прво треба да биде поразен оној дел од тебе, кој мисли дека е во право. Мораш да ги пуштиш ѕидовите на гордоста. За да слушнеш. За да видиш. Потоа мораш да го гушнеш повреденото, но не да го ставиш на пиадесталот, туку да го признаеш неговото постоење.

Тогаш тој дел мора да биде ‘понизен’ пред свесноста на твојата исконска природа, оној дел кој се чувствува предадено, луто, мора да се предаде. Да загуби.

Во прегратката на свесноста да се истопи. Како и оние делови кои се чувствуваат несигурно, недоволно. Ако навистина мислиме да имаме внатрешен мир, не треба ништо од тој мир да ни биде поважно. Ни да се биде во право. Ни да се биде оштетен. Ни загрозен. Нападнат. Повреден.

Ако посакуваме мир, мораме да го пуштиме теретот кој ја носи помислата, дека некој нам нешто лошо ни направил. И да се свртиме кон мир и да допуштиме, од нас да излезе болката. Бидејќи нас не не’ боли што некој не се согласува со нас, туку што меѓу нас и во нас, нема љубов.

А најблискиот пат до пространството на љубовта е низ внатрешното смирување. Кога си смирен, како пеперутка љубовта ќе се вгнезди на твојата дланка. Не ја затворај, но исто така пушти го од себе својот бес, замерките, болката, не ги повредувај другите.

И не потиснувај. Изгуби, биди слаб. Дај си себе си простор. Биди лут, биди тажен. Биди плашлив, но потполно со себе. Види како твојата алхемија на исцелувањето, се случува во твоите очи.

Кога себе си ќе си дозволиш да бидеш. Што и да си. Без осуда. Сакај се. Изгуби ја лажната слика за себе. Откажи се од идејата во другиот да го видиш виновникот и ќе се видиш себе си.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: