Барам сила, но не за да бидам посилна, туку да го совладам својот најголем непријател- самата себе!

Дозволи ми моите раце полни со почитување да ги допрат работите кои Ти ги создаде. Изоштри го моето уво да го слушне Твојот глас. Направи ме мудра за да го разберам знаењето што ТИ тајно си го ставил во секој лист, во секој камен.

Барам сила, но не за да бидам посилна од своите браќа, туку да го совладам својот најголем непријател- самата себе! Дај ми мирно да ги прифатам работите кои не можам да ги променам. Дај ми храброст да ги сменам работите кои можам да ги сменам.

Дај ми мудрост да разликувам едно од друго. Не молам да бидам заштитена од опасност, туку без страв да се соочам со него. Не молам да престане мојата болка, туку молам за јако срце да совладам сѐ. Не барам сојузници во животната борба, туку да се потпирам на сопствените сили.

Не молам за спас од стравот, туку за надеж да ја освојам својата слобода..

Ајлин Кеди

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: