Без вера не можеш да одиш по духовниот пат. Без доверба нема љубов; а без љубов животот е празен. Отвори го своето срце и пушти ја љубовта да тече, без оглед на тоа колку тежок може да биде животот на површината.
Издигни се над надворешните услови и околности во оние царства каде што се е светлина, мир, совршенство и каде што нема одвојување. Мораш најнапред да се решиш за тоа, а потоа мораш и да го направиш тоа.
Не дозволувај ништо што доаѓа однадвор да те депримира. Види го тој сјаен сребрен раб на секој темен облак и сосредоточи се на него се’ додека облакот не исчезне. Научи да се вивнуваш како орел, се’ повисоко и повисоко, со песни на пофалба и благодарност.
Не врзувај се за тоа како живее светот, за материјализмот во животот. Духот е тоа што е важно. Почни сега да живееш со Духот и чекори по неговите патишта.
Ајлин Кеди
Leave a Reply