Не постои вистински маж или жена. Постои само вистинска љубов

Понекогаш ќе засакаш. Се’ она што не сакаше, се’ она од кое се тргаше, она што те плашеше или во очај те тераше, ќе се состави во еден човек и ќе го засакаш.

И сите негови особини ќе ги согледаш од светлината која љубовта ја носи и не се плашиш повеќе, не бегаш и не гледаш во ништо од тоа опасност по себе.

Го сакаш тој човек и чувствуваш дека тој е тука за да ти помогне да ја надраснеш својата стегнатост, да ги срушиш оградите и да ја прегазиш барата на лажна самодоволност.

Никогаш и не мислев дека постои вистински маж или жена. Постои само вистинска љубов. Всушност само љубов, бидејќи таа е секогаш вистинска.

Љубовта која ништо не ти дава, туку ти се открива. За тебе, таков каков што си, каков што беше пред да бидеш во страв, по некое лошо искуство, кога побегна од себе и сопствените чувства.

Понекогаш ќе засакаш. Некој. А всушност…повторно се сакаш себе, како некогаш, кога од животот не си се плашел.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: