Да се зароби некој со љубомора и барања сигурно нема да донесе среќа. Успешните односи можат да растат, само со помош на љубов и доверба. Љубовта опстанува кога има почитување, без посесивност.
Значи, кој е лекот? Кога љубомората се обидува да те врзе, речи си: Слободен сум од оковите на љубомората и стравот. Што треба да биде мое, ќе биде мое; што не е мое, пуштам! Тогаш ќе се ослободиш од љубомората, стравот и ќе имаш чудесен живот.
Ти можеш да бидеш слободен. Она што треба да ти припадне, ќе биде твое, а она што не ти е наменето, ионака нема да ти донесе среќа.
Исполнувањето лежи во постојаното унапредување на себе си, така да, наместо ти да ги бараш другите, тие почнуваат да те барат тебе. Дај љубов и пријателство без очекувања и барање нешто за возврат.
Очекувањата ќе те направат само жртва на бедата. И додека се обидуваш да се унапредиш себе, прави го тоа сам, сигурен во своите доблести и вредности. Ако сакаш другите да ти веруваат, запомни, не се само зборовите оние што имаат ефект, туку и она што си и она што чувствуваш во себе- она што е во твојата душа.
Секогаш труди се да бидеш ангел во себе, што и да мислат другите. Биди искрен, добар, сакај ги другите и разбери ги. Кој на твојата добрина не одговори, не е достоен за твое внимание. Дури и кога ќе го изгубиш саканиот, подобро е да го пуштиш да мисли дека е ангел, а не зелено љубоморно чудовиште.
Нека таа личност си оди, држејќи ја во мислите твојата љубов- и таа љубов засекогаш ќе остане во нејзиното срце.
Paramahansa Yogananda
Leave a Reply