Живеј секој ден исполнето, како да ти е последен и никогаш не гледај назад

Научи да ја почитуваш верата, со која некогаш пристапуваше кон светот и животот, гледајќи во секој нов ден неповторлива прилика. Како не се плашеше да одиш напред, па и да паднеш, бидејќи знаеше дека секој пат ќе ја искористиш можноста да станеш и одиш понатаму. Знаеше дека си посебен и затоа не размислуваше за споредување со другите и пропушти многу грижи кои денес ги имаш.

Сочувај го детето во себе, сочувај ја онаа леснотија со која им приоѓаше на другите, не замерувајќи се кој е поголем, а кој помал од тебе. Не се оптертуваше со работи на кои не можеше да влијаеш, туку пушти да се случуваат онака како што се случува, знаејќи дека светот нема да пропадне, затоа што не било по твое.

Љубовта која ја покажа кон другите секогаш ти се врати и беше најубавиот дел од твојот мал живот. Сочувај го детето во себе, бидејќи живееше како да се играш и се играше живеејќи. Ништо не беше комплицирано, работеше кога ќе посакаше, се одмараше кога беше уморен, пратејќи го ритамот на своето тело.

Но, повеќе од се’ и ритамот на својата душа, за која не си бил така свесен, покажувајќи грижа и емпатија за другите, помагајќи им во различни ситуации. Знаеше дека највредните работи се оние кои ги имаш, па така и ги почитуваше, а не само оние кои ги посакуваш.

Сочувај го детето во себе, бидејќи тоа време за сонување, потикна во тебе многу револуции. Донесе многу добри одлуки, постави многу јаки идеали, започна многу големи проекти. Живееше секој ден исполнето како да ти е последен и никогаш не гледаше по оние кои беа зад тебе.

Не е можно да се вратат годините, но можно е барем на еден начин да се сочува детето во себе, да се сочува онаа личност која имаше нешто за што се бори и нешто во што верува. Тоа е сосем доволно за среќен и исполнет живот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: