За жал, некои грешки ќе ве донесат до вистинските работи во животот

Бидете благодарни, за некои Не луѓе во вашиот живот, од вас направија човек. За жал, некои грешки ќе ве донесат до вистинските работи, некои повреди, до подлабоко сфаќање на животот и подобро разбирање на себе си.

Понекогаш, додека поминуваме низ понапорни патишта, поболни искуства, покомплицирани луѓе, се прашуваме каква смисла има сето тоа во нашиот живот, а потоа како времето одминува, почнуваме да приметуваме, како коцките сами од себе се сложуваат.

Тешко е да се биде благодарен на некој кој од тебе прави мајмун, кој се поигрува со твоите емоции, кој експериментира со твојата личност, но таквите појави на крај ќе те натераат малку повеќе да размислиш за себе, да се обидеш поинаку да ги поставиш работите и да донесеш некои одлуки кои никогаш не си ги донел.

Не е лесно да трпиш понижувања, да ги гледаш во грбот луѓето на кои се’ им даде и кои од тебе си одат со сознание дека добиле она што посакуваа и тоа на највалкан начин.

Тука треба многу сила, трпение со себе, кога ќе се потоне до дно. Да се гледа од жива кал, со надеж, дека ова е моментално најлошата фаза низ која поминувате, бидејќи таа и навистина е.

Кога во вас ќе се променат работите, кога ќе ‘пукне’ вашиот филм и ќе ви дојде да се истушите од се’ и сите, без зборови, тогаш ставате точка на тоа поглавје од животот. Повеќе од се’ исфрлете го од својот ум она што било и што ве оптеретува и свртете се кон она што посакувате да бидете.

Ќе станете нова личност кога ќе соберете сила и ќе го надминете сето она што Не луѓето го оставиле во вашиот живот, кога урнатините кои по нив останале, само ќе ги соберете и ќе се составите себе си од почеток, овој пат како друга личност, која е издржлива, трпелива, самостојна, одговорна, независна и не и’ треба никаква потврда однадвор.

Сега разбирате што на крајот значи тој збор живот и навистина го живее.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: