Луѓето кои ја бираат самотијата, имаат сила и моќ да се променат себе си

Копнежот за самотија, често е одговор, на начинот на кој луѓето се однесувале кон некој. Затоа не ги критикувајте тие луѓе, бидејќи поминале тешка школа во животот која на нив оставила многу трагови, трагови во рани и ожилци кои сега во самотија по малку ги зацелуваат а тие доаѓаат на свое.

Се борат луѓето за свој мирен живот, бидејќи сфаќаат дека мирот не може со ништо да им се надомести. Не се тие некои асоцијални негативци, тоа се луѓе кои даваа се’ од себе, но, за жал светот многу им одзеде, луѓето, чија близина на некоја личност, ја платиле на најтешкиот начин, луѓето кои верувале во доброто на луѓето, но сфатиле дека освен добрината, во животот е потребна и мудрост, бидејќи само таа може да го заштити она светото и кршливото во секој човек.

Тоа се луѓе кои секогаш ќе ти посакаат среќа, бидејќи знаат дека секогаш се враќа она што даваш, луѓе кои нема да напакостат затоа што некој лошо им направил, туку само ќе се тргнат, чувајќи ги своите граници, својот интегритет и својот мир.

Тоа се луѓе кои секогаш ќе разбудат некоја емоција бидејќи се многу топли и добродушни луѓе, но мораат на некој начин да застанат на крај на оние предатори, кои грабат се она позитивно во другите.

Кога некој често бира осаменост, тоа не значи дека не ги сака другите, туку дека во нивната присутност сака да го даде она своето најдобро лице кое ќе го создаде во својата самотија. Приказната на луѓето кои ја бираат самотијата, е приказна за внатрешната борба на луѓето, за доброто, за вистината, зборува да се извадат сите маски на светот и пред другите да биде онаков каков што си.

Луѓето кои ја бираат самотијата, имаат сила и моќ да се променат себе си и да го покажат едноствениот пат на преовразба на овој свет. Кога некој често бира самотија, тоа е негов начин на кој се бори за свој внатрешен мир.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: