Не се грижи за тоа, што луѓето мислат за тебе или за нивната желба да ти кажат како да се чувствуваш. Ако луѓето сакаат да те видат како добра личност, ќе те видат. Ако сакаат да те видат како лоша, апсолутно ништо што ќе направиш, нема да ги застане.
Иронично е, што повеќе им ги покажуваш своите добри намери, повеќе им даваш причина да те срушат, ако се фокусирани на тоа да не те разбираат.
Крени ја главата високо и биди сигурен во она што правиш. Биди сигурен во своите намери и држи ги очите отворени, наместо да губиш време на оние кои посакуваат да те повлечат назад.
Бидејќи не можеш да ги промениш ставовите на другите луѓе, мораш да веруваш дека вистинската промена за тебе доаѓа одвнатре, а не од било кој друг.
Leave a Reply