Што и да ти се случило, сеуште си жив! Заблагодари се прво за тоа!

Потруди се да направиш разлика помеѓу енегретската кал во која се тркалаш и леснотијата на постоењето, во светлото на новиот избор. Избор да ти биде чиста љубовта без оглед на се’.

Тешко ти е? И тоа е изговор да си го уништуваш својот живот и надмено да се однесуваш кон животните благослови? Нешто не е по твоја волја, па устата неконтролирано ти брбори, со бесот на создадениот збор, кој без цензура преминува преку твоите усни?

Преку тие исти усни, кои знаат да молат, кои знаат да љубат и сакаат? Кое е слепилото на умот кое ти се случи, кога така лесно се предаваш? Кои се тоа сили во опкружувањето, кои како окови те влечат во подземјето на твоето постоење?

Како да се рационализира бесот, кој генерираше деструктивно однесување, со кое се повредуваш себе си и другите? Што ти се случило? Како себе си се уверуваш дека е оправдано ова однесување или дури дека е единствено можно, земајќи ги во предвид сите животни околности?

Како себе си успеа да се убедиш дека агресијата е решение или уште полошо, всушност дека не постои решение, па затоа бесот станува стил на живот, едонствен оправдано, со разочарувањето на твојот ум? Што и да ти се случило, сеуште си жив! Заблагодари се прво за тоа!

Дадено ти е да се осознаеш себе си, а те мрзи да се помрднеш? Себе си да си кажеш ‘Доста е’, со саботирачкото однесување и со себе сожалување? Ти се допаѓа добивката која ја имаш? Ти се допаѓа и другите околу тебе да се чувствуваат мизерно како тебе, само затоа што твоите фрустрации не сакаш да ги надминеш?

И тогаш сите требаат Тебе да те разберат и на твоите склоности да се прилагодуваат. До кога веќе ? Освести се и зајакнувај! Слечи ги тие одбрамбени изрази на лицето, отфрли ја заштитата и тргни се од она што те вовлекува во се поголем мрак! Што чекаш?

Кој наместо тебе ќе дојде да го унапреди твојот живот? Кој може да ти ги промени мислите и животните навики? Кој може за тебе, да замисли посветла иднина? Кој наместо тебе, може да те помрдне и всушност да направи нешто корисно за другите, наместо што седиш и се жалиш над својата судбина?

Уште не си доволно добар за нешто, се плашиш да бидеш светлина, за да не го изневериш семејството или пријателите кои те потсетуваат дека си безвреден?

Време е да создадеш нови пријателства и ново семејство. Најпрво во својата глава. А потоа разбери дека мораш секојдневно да ја избереш светлата страна на животот, секој пат кога ќе ти дојде мракот. Животот е даден да се живее со благодарност. Крени ја главата, развлечија насмевката, исправи се и направи нешто со својот живот. За почеток, престани да си правиш сопки а животот ќе го направи другото. Така е едноставно.

Извор: pozitivnapsihologija.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: