Всушност, она што е кажано во насловот делува во двата смерa, затоа што луѓето се развиваат кога ќе ја запознаат вистинската љубов. Вистинската љубов не би требало да има никакви услови и двајца луѓе, се прифаќаат едни со други, такви какви што се. И не само во тој одреден момент, туку засекогаш. Кога ќе ги препознаат недостатоците на другата половина, дури и ќе се заљубат во нив.
Скоро секој од нас се заљубил во некој до бесвест и истовремено, очекувал од саканиот дека ќе се промени во иднина. Во тој случај тоа не било вистинско чувство, туку само илузија. Тоа, речиси може да се нарече егоизам, бидејќи посакувавме нашата љубов да стане поинаква.
Идејата дека е можно, туку така некој да го лишите од своите доблести или недостатоци, изгледа погрешно, како ние да сме идеални и без никакви мани. А тоа е далеку од вистината.
Оваа ситуација се среќава прилично често. Факт е дека секој од нас црта во својата мечта, портрет на некој идеален, но во стварноста такви луѓе едноставно не постојат. Можеби сме премногу уплашени или премногу слаби да го сакаме човекот таков каков што е?
Наместо да влегувате во односи и да ги анализирате недостатоците на партнерот кој ‘треба’ да се поправи, обидете се само да ‘влезете’ во него и дозволете му да постои. Да растете и да се развивате заедно со својата блиска душа. Можеби токму тука почнува еволуцијата- на нас самите.
Ајде, да почнеме да сакаме така, како да посакуваме да не’ сакаат. Таквите односи немаат правила или услови- тие ги инспирираат партнерите да се развиваат и овозможуваат да чувствуваат постојана подршка едни со други. Само заборавете на своето его и почнете да верувате на искуството на својата половина, потполно верувајте и’ и допуштете да ве води напред.
Од своја страна, партнерот ќе направи исто- нема да се обиде да ве менува и ќе ви помогне да станете она што посакувате. Имено, таквата љубов ќе помогне да станете подобри, од она што сте.
Истовремено, постои и љубов која најчесто се среќава- кога другата половина сака дел од нас и ние сме подготвени да се помириме со тоа. Но, се’ додека не ја почувствуваме вистинската слобода и мир во прегратката на саканите, се’ тоа не е вистинско. Мораме да престанеме да се делиме себе си, со луѓето кои не се однесуваат кон нас така како што заслужуваме.
Прифаќањето на човекот во потполност, тоа е вистинска љубов и никогаш не сте согласувајте на помалку. Да, тоа не е така лесно како што изгледа, бидејќи да се прифати некој потполно, значи да се прифатат неговите стравови и демони, рани и темни страни, значи да и’ се покаже на саканата личност дека може во потполност да ни се отвори, без страв од отфрлање.
Се’ ова заедно не’ прави она, кои сме вистински. Многумина никогаш нема да сретнат таква љубов, но, за оние кои не губат надеж, ќе ви откријам тајна: треба да се почне од себе.Треба да одлучиш и да почнеш да веруваш во тоа дека си вреден за тоа чувство, да се помириш со фактот дека никој не е совршен.
Сфатете, вистинската љубов е искрена и потполна, а можна е само ако некој сака туѓи недостатоци. Тоа е чувство кога нашиот дух се издигнува и ние буквално светиме, како што ѕвездите сјаат и две души се спојуваат во една за да поминат заедно низ вистинската љубов.
И тоа вреди за сите пролиени солзи. Заедно растеме и правиме големи дела. Го живееме животот заедно во надеж и среќа. Се обидуваме да правиме нови работи и одиме во пресрет на авантурите, бидејќи ни е даден само еден живот.
Никогаш нема да бидеме совршени, но имаме сила со својата љубов да им дадеме на саканите да се чувствуваат совршено. Ние ги сакаме такви какви што се и не очекуваме од нив промена или трансформација во нашиот идеал.
Само посакуваме да се развиваат и да се развиваме заедно со нив.Само така човекот може да ја спознае вистинската љубов.
Leave a Reply