Најтешко да се прифати одговорноста за себе..но и најслатко..бидејќи стануваме навистина слободни и среќни

За смртта никогаш не сме подготвени. Кога некој ќе добие дијагноза и тогаш, некако се надеваме дека сепак постои ‘светло’ на крајот од тунелот. И кога нешто така ќе се случи, што ќе не’ потресе од корен, толку силно што едвај се држиме на нозе, многу работи ќе си ветиме себе си. Ќе ветиме дека ќе свртиме друг лист. Дека повеќе ќе сакаме..себе си и другите..

Ветуваме дека нема да се нервираме околу глупости, бидејќи животот е навистина непредвидлив и краток. Ветуваме и дека повеќе ќе се одмараме, радуваме, дружиме. Помалку ќе зборуваме за другите и повеќе ќе си ја гледаме ‘својата работа’.

И сите тие ветувања остануваат ‘ во сила’ кај некој 3 дена, кај некој 7 или најмногу месец дена. Но, брзо забораваме на нив..забораваме што сме си ветиле себе си, некој ќе не’ изнервира или нема да оствариме се’ што сме замислиле. И така се вртиме во круг, повторно до тагата, која одново силно не’ изместува…И тогаш повторуваме повторно.

Можеби е време своите ветувања кон себе да ги одржиме без на нив да им дадеме рок на траење, како на производ кој кој го отвораме и можеме да го држиме во фрижидер максимум три дена од отворањето. Нашиот живот е во нашите раце.

Често покажуваме со прстот кон другите, ако не ни оди како што сме замислиле. Но, треба да се биде искрен, кон себе и тој прст да се сврти во вистинскиот смер..кон себе. Главниот и одговорен ‘уредник’ на програмот наречен живот.

Не чекајте нова трагедија, да ве потсети дека животот е навистина дар. Јас повеќе не чекам. Премногу е болката која доаѓа, кога најмалку се надеваш, на тоа не можеме да влијаеме. На остатокот од животот можеме..и тоа повеќе отколку што сме подготвени и да си признаеме себе си.

Бидејќи е најтешко да се прифати одговорност..но и најслатко..бидејќи стануваме навистина слободни и среќни.

Саша Симовиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: