…Онака, да си се допаѓаш, себе си да се засакаш, онака, прво со себе да ти е најубаво и најдобро

Овде не е добро да бидеш паметен, да имаш што да кажеш, да имаш што да облечеш и да јадеш, да работиш, да заработуваш, да излегуваш на четириесет, да шеташ сам ноќе, да одиш без маж, да зборуваш воопшто, да се смееш, да не се смееш, да си го бараш своето, да не го бараш своето, да си сам, да не си сам, да си неухранет, да си дебел, дека не си родила, дека си родила, дека си го напуштила сопругот, дека остана.

На луѓето никогаш не си му доволно добар, бидејќи тогаш си наивен. Ако си наивен, подобро би било да си лукав. Ако си сам, би требало да си во брак. Кога ќе се венчаш, кој ѓавол ќе ти е брак. Ако нема да родиш, кој во староста ќе те гледа. Кога ќе родиш тројка, од што ќе ги храниш. Кога ќе се школуваш, зошто кога нема леб да јадиш. Кога не се школуваш, ти си глуп.

На луѓето ништо доволно добро не им е. Не чини кога се бориш, тогаш си бескрупулозен. Ако не се бориш, смотан си. Не чини ако зборуваш, глумиш памет. Не чини кога молчиш, тогаш си онемен. Не чини ако се смееш, бидејќи си среќен.

Ако те видат дека седиш на кафе со друг маж, курва си. Ако си само со својот маж, на краток ланец си. Ако не бркаш кариера, тогаш си очајна домаќинка. Ако водиш сметка за килограмите и физичкиот изглед, тогаш си сигурно исфрустрирана и незадоволна. Ако те мази и пази, тогаш е папучар. Ако не те мази и пази тогаш е неизделкан балканец.

Дури и ако ја ампутираш секоја своја доблест, се’ што може да ти засмета, не би поминал туку така. Тогаш ќе те жалат и ќе зборуваат- ‘Леле, за грев’.

И тогаш, кажи ми, зошто и понатаму сево ова те боли и допира, зошто и понатаму се правдаш и поради другите се менуваш, зошто се прилагодуваш и додворуваш, зошто толку силно се трудиш да им се допаднеш, кога знаеш дека во се’ убаво што во себе носиш, секогаш ќе најдеш една мала ситна флека и од неа ќе направиш кратер во кој ќе те фрлат.

Зошто сепак ги пратиш нивните реакции на својот живот, своите одлуки, својот брак, своите работи, своите деца, своите избори, својата килажа, своите домети? Зошто толку да се трудиш да им се допаднеш, ако знаеш, дека никогаш нема да можеш да им удоволиш онолку колку што ти би сакал.

Затоа, Смеј се, дебел биди, гладувај, плачи, скокај, тагувај, остани, оди си, молчи или зборувај, учи или не учи, разголувај се, закопчувај се, работи или не работи, сакај, не сакај, онака како што тебе ти годи, онака како тебе што те весели, за да растеш, а не да се собираш.

Онака, да си се допаѓаш, себе си да се засакаш, онака, прво со себе да ти е најубаво и најдобро.

Јован Кешански

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: