Промената е неминовна во сечии живот, бидејќи е сам живот

Промената е неминовна во сечии живот, бидејќи е сам живот. Ако самите не ја иницираме кога ќе почувствуваме дека е момент, животот ќе нѐ натера.

Вака или така. Без неа се гасиме. Стануваме несреќни, тажни, разочарани, неподносливи и за себе и за другите. Промената на секој му носи благослов. Го тера напред.

Оној кој со среќа ја чека промената, тој знае каде оди. Таму каде што одбрал. Оној кој не го избрал патот поради страв, ќе ја открие својата сила кога ќе дојде време.

По промената никогаш не сме исти. Имаме сосем ново искуство. Поголемата интелигенција знае кога е доста. И тоа ќе ни го покаже. Преку промена.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: