За да ме запознаеш, мораш да имаш љубов во срцето

ЈАС СУМ љубов. За да ме запознаеш, мораш да имаш љубов во срцето; зошто, без љубов не можеш да Ме познаеш. Пушти ја љубовта слободно да тече и научи да го сакаш тоа што го правиш; сакај го своето опкружување и сакај ги сите души што те опкружуваат. Сакај и никогаш не прашувај за цената; никогаш не барај награда за својата љубов.

Никогаш не можеш да дадеш премногу љубов, затоа не плаши се и не труди се да го запреш протокот на љубовта, дури и кога си одбиен. Кога ќе се случи тоа, лесно е да се затвори срцето и да се повлечеш од страв дека ќе бидеш повреден. Не прави го тоа; тоа само ќе те направи несреќен и ранлив, и во таа состојба никогаш нема да бидеш способен да и помогнеш на друга душа, зошто личноста со тврдо срце без љубов не привлекува никого.

Искористи ги мудроста и разбирањето во љубовта, на тој начин ќе ја одржиш совршената рамка. Првата животна лекција е да научиш да сакаш. Не губи време и брзо научи ја таа лекција.

Ајлин Кеди- ‘Отворање на внатрешните порти’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading