Сакам да знаеш дека си слободна, да ги пуштиш сите оние кои не те заслужуваат

Постои нешто што во последно време приметувам во животот на оние кои ги сакам. А тоа се нивните секојдневни борби кои се фрустрирачки, дури и болно за гледање.

Тоа се оние ситуации кога се жалиш на тој безвреден маж, но и понатаму мислиш на него. Кога си вознемирена поради пријателката која е безобразна кон тебе, но сеуште одиш на ручек со неа. Кога и понатаму пронаоѓаш изговори за членовите на своето семејство, кои те злоставуваат, само затоа што сте крвно поврзани. Негативните луѓе се присутни во твојот живот бидејќи ти им го допушташ.

Од една страна те разбирам. Не е лесно да се престане да се сака некој, дури ако ти го нарушува твоето ментално здравје. Не постои прекидач кој можеме да го стиснеме и едноставно да престанеме да сакаме. Макотрпен е тоа процес и многу збунувачки. Нема вистински начин, на кои можеме едноставно да си одиме.

Но мораш тоа да сфатиш. Мораш тоа да прифатиш, да го кажеш на глас. Негативните луѓе многу често и не знаат дека се негативни. Тие се емоционални вампири, кои го цицаат животот од тебе. А ти и понатаму наоѓаш изговори за нив. Наоѓаш причини, поради кои ќе се обвиниш себе или некоја ситуација во која се наоѓаш.

Да, тоа е многу често една сива зона, но, не мораш континуирано да ја превземеш одговорноста за луѓето кои ти нанесуваат болка. Заслужуваш кон тебе да се однесуваат со почитување и љубезност.

Верувај ми, го заслужуваш тоа. И во ред е да се каже тоа. Во ред е, да се побара тоа што се заслужува. Во ред е, да се проценува кои односи заслужуваат место во нашите животи. Во ред е, да признаеш дека посакуваш нешто подобро, од она што моментално имаш.

Сакам да го знаеш тоа. Сакам да знаеш дека си слободна, да ги пуштиш сите оние кои не те заслужуваат

Извор: zdravaisretna.hr

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: