Си оди само она, во кое животот е завршен

Записи на Јелена Марчевскаја, при посетатa на племето Лакандон, потомци на Маите, во државата Chiapas, Мексико.

‘Ти си дел од животот. Дозволи си себе си да се менуваш и да течеш заедно со него- вели шманот на индијанското племе Лакандон ( потомци на Маите). Се’ што се родило на оваа земја и на ова небо сигурно ќе умре, за да даде живот на тоа што ќе се роди потоа. Таков е законот.

Денот ја сменува ноќта; семето што паднало во земјата умира, за да се роди нов живот- така било отсекогаш, така ќе биде вечно. Ти ќе замреш од ужас кога ќе ги видиш своите губитоци, не сакаш да веруваш во тоа. Отвори очи и гледај. Твојот живот се променил. Се променил во моментот. Твоето минато повеќе го нема.

Плачи! Она што е уништено или умрело мора да се отплаче. Плачи! Твоите солзи, како дожд, ќе ја измијат пепелта, дрвата и камењата, ќе ги измијат твоите рани, ќе го однесат она што отсекогаш се обидуваш да го задржиш.

Плачи! И дождот нека биде јак! Можеш да го истресеш небото со својот крик и да му се закануваш со тупаници, да удираш со нозе по земјата и да паднеш на неа во очај! Плачи! А јас ќе ја пеам својата песна.

Порано или подоцна, дождот ќе престане! Ќе станеш од земјата и ќе видиш на небото виножито! Позелена трева и првиот цвет како цвета во пепелот. Ќе видиш како животот се враќа во тебе!

Ќе ги засучиш ракавите и ќе направиш нова куќа, ќе направиш ново оружје и ќе ја обновиш стоката. Ќе почувствуваш радост во своето срце и ќе сфатиш дека се’ било како што треба да биде. Крени ги рацете кон небото и заблагодари се за сите испратени испити! Преживеа, стана по мудар, продолжуваш да живееш!

Сети се на три важни лекции.

1.Си оди само она, во кое животот е завршен. Станува круто, неповратно и на крајот умира.

2. Она што ти го создаваш содржи честичка од тебе, но ти не си ти. Твојата мудрост и твојата страст секогаш се со тебе. Ништо не е изгубено, кога не се губиш себе.

3.Ти си дел од животот. Дозволи си себе си да се менуваш и да течеш заедно со него. Земи го животот за сојузник.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: