Среќните луѓе не бараат многу..Се радуваат на ситници

Каде е твоето благо? Дали го собираш благото на земјата или го собираш благото за небото? Ништо од твоето благо на замјата, кое го собираш нема да го понесеш со себе.

Работиш од утро до мрак, за да стекнеш уште повеќе, а немаш време да одиш во црква, немаш време да ги посетиш старите родители и да им помогнеш, немаш време да им помогнеш на луѓето, кои имаат потреби.

Дали знаете што ќе биде од тоа материјално благо, што сте го создале на земјата? Ќе има кавга меѓу децата, кој ќе добие повеќе и како ќе го поделат тоа вашето, а во најголем случај и децата ќе се скараат поради тоа благо и нема да зборуваат едни со други.

Во ред е да се стекне и да се има, но да не се заборави и оние кои имаат потреба. Не значи дека мораш материјално да им помогнеш, бидејќи денес се повеќе, на луѓето им е потребен топол збор и чашка разговор. Денес има повеќе од оние, на кои им е потребна комуникациска помош и утеха, бидејќи се отуѓени едни од други и никој нема време за никој, а се’ поради работата и собирање на овоземското.

Кога ќе дојдеме пред Бог, нема да не’ праша колку куќи и автомобили сме имале, туку на кој сме му помогнале. Да си помогнеме едни на други, е собирање благо за небото.

Затоа почнувај да собираш благо за небото, за да не биде доцна, бидејќи никој од нас не знае, ни ден, ни час кога ќе се исправиме пред Бог.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: