Стравот кој ве спречува, не е страшна работа, тој има таква моќ само од вас

Не ги барајте лошите работи во животот, бидејќи животот е прекраток. Премалку имаме време, за да го трошиме на нешто лошо. Вистина е дека ги има, но само ако влегуваат во фокусот на вашето размислување, ќе изгледаат уште поголеми и ќе ви се чини на крајот, дека само тие, се насекаде околу вас.

Барајте она што е добро во животот, светот околу вас и меѓу луѓето. Барајте ситници кои ве прават среќни, вратете се на почеток на својот животен пат и уживајте во работите кои ве радуваа, тогаш кога бевте дете, почувствувајте ги оние емоции, кои ве внесуваа во магијата на животот, кога на секој чекор сте виделе чуда.

Не барајте многу лоши работи во животот, не ги одложувајте работите кои сега можете да ги направите, а кои подоцна би направиле разлика во вашиот живот. Стравот кој ве спречува не е страшна работа, тој има таква моќ само од вас.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: