Успешни сте, се додека се движите, менувате, растете, градите, рушите, се изразувате себе

Некогаш успехот може да биде многу горчлив. Ќе добиеме она во што верувавме, го посакуваме, а потоа ќе согледаме дека освен што тоа не’ прави среќни, во пакет со тоа сме добиле и многу проблеми.

Од друга страна, неуспехот знае да биде благотворен и да ни донесе чуда, за кои не сме ни сонувале.
Всушност и успех и неуспех се различни страни од истиот стап. И едното и другото се само искуства. Некое повеќе им се допаѓа на нашето его, па ги тумачиме како позитивно, додека некое, кое помалку ни годи, се етикетира како пораз, пад, негаривност.

Сето тоа и понатаму нема врска со тоа, што, кое искуство ќе ни донесе и колку ќе биде важно за нашиот пат. Никој не растел и не се менувал на подобро, кога му било удобно и лагодно.

Затоа радувајте се на секој неуспех и успех и побарајте ги скриените благослови во нив. Претворете го во лекција. Сфатете дека е тоа што ви е потребно во тој момент, не е пријатно, но не значи дека е лошо. Напротив. Неуспехот е неминовна етапа на патот до успехот.

Затоа престанете да се плашите. Тргнете во пресрет и направете примирје со него.
Успешни ќе бидете се додека се обидувате, одите во пресрет на искуствата, извлекувате максимум од секое и го земате Животот свој, со полно срце. Успешни сте се додека се движите, менувате, растете, градите, рушите, се изразувате себе и ја живеете својата вистина.
И тогаш се’ доаѓа на свое место.

❤

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: