Не живееш според човечките, туку според божествените закони

Очекувај го само најдоброто и очекувај да ти се исполни секоја потреба, дури и навидум невозможната. Не ограничувај се никогаш, ниту мисли дека не би требало да очекуваш премногу.

Согледај ги јасно своите потреби, изговори ги, а потоа имај целосна вера и доверба дека ќе се исполнат. Како ќе се исполнат, тоа препушти Ми го Мене. Морам да работам низ различни канали за да го остварам тоа, но со Мене сите работи се можни.

Затоа препушти се и гледај како се остваруваат Моите чуда и Мојата слава, биди вечно благодарен и користи сѐ за доброто на целоста во секое време. Не живееш според човечките, туку според божествените закони; затоа сѐ може да се случи во секое време. Очекувај чуда и гледај како се случуваат.

Секогаш имај ја предвид мислата за напредокот и изобилството и знај дека, правејќи го тоа, ќе ги раздвижиш силите што ќе го остварат тоа. Колку си попозитивен толку побрзо ќе се случи сѐ.

Ајлин Кеди – ‘Отворање на внатрешните порти’

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: