Прости …

Прости и’ на мајка ти и прости му на татко ти, можеби сега не разбираш, но секогаш кога те повредуваа, те напуштаа, те омаловажуваа, те учеа бидеш посилна, понезависна, те учеа да заминеш од таму каде што веќе не си саканa.

Прости му на твојот партнер кој те повреди, можеби те болеше многу, но те учеше да ставиш граница, да се љубиш себеси и да бидеш верна на самата себе.

Прости и’ на твојата колешка, на завидната, која збореше лошо за тебе, која ти го направи животот невозможен, таа во тебе виде нешто што таа никогаш не постигна да биде и те научи дека и во најлошите моменти, твојата светлина толку многу сјае што го заслепува видот на другите.

Прости им на твоите деца поради дрскостите, лагите, напуштањето, те учеа да ја оставиш твојата приврзаност и да разбереш дека не можеш да контролираш cé, те учеа да се ослободиш. Но, пред сé, прости си на себе самата поради твојата прекумерна грижа, поради тоа што не си совршена ќерка, сопруга, мајка.

Прости си секогаш кога не можеш да успееш поради страв, прости си за секоја грешка, зашто да не беа тие, немаше да бидеш личност која што си денес, верувај ми, прекрасна си. Твојата историја е прекрасна, твојот живот е совршен и иако така не изгледа, сепак сé се случува за да те научи на нешто за да раснеш.

извор: Премин Портал

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: