Најголемите крадци на нашето време, се луѓето кои бесмислено го трошат нашето време

НЕ луѓето во твојот живот, имаат една цел, без никаков срам да упаднат во твојот живот, бидејќи немаат што да прават во својот, па трачарат и малтретираат се’ околу себе. Задржи го својот мир!

Имаат тие некој чуден пех, на туѓи соништа, бидејќи своите не ги оствариле, па ќе полакомат на туѓите не дозволувајќи да ги остварат. Луѓе се тие кои мислат едно, зборуваат друго а прават трето и тоа им е нешто сосем природно и нормално.

Не дозволувај да страдаш од луѓе, кои не знаат да сонуваат па ги грабаат туѓите соништа, луѓе се тоа, кои не ја гледаат магијата на убавиот момент, туку светот го гледаат како црна дупка и тоа без престан му го раскажуваат на сите.

Не дозволувај покрај тие луѓе да ти помине животот, бидејќи еден ден ќе се прашаш, каде отиде вистинскиот живот сиве овие години, зошто си се согласувал на помалку од она што посакуваш и заслужуваш, бидејќи таквите луѓе те навикнале, да бидеш далеку од се’ што е убаво и вредно.

Слободата е чудесен дар, слободата значи, сам да можеш да избереш каков ќе биде твојот пат, кои ќе бидат твоите сопатници и која ќе биде твојата цел. Сите тие, кои ќе се обидуваат да те застанат, да те тргнат или променат, не заслужуваат да ги задржиш во своите мисли.

Пронајди ја смислата на својот живот и следи го своето срце. Научи да го почитуваш своето време, бидејќи ќе сфатиш дека најголемите крадци на нашето време, не се луѓето кои ни ги земаат работите, туку оние кои бесмислено го трошат нашето време.

Кога ќе ја поставиш својата цел, јасна и конкретна цел пред себе, помалку ќе размислуваш за луѓето, кои од страна те напаѓаат и те одалечуваат од се’.

Сфати дека не постојат некои големи колосални одлуки кои го менуваат живот, се работи само за тоа, секој ден да им одолееш на мислите и луѓето, кои од добриот живот те одвлекуваат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: